Хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ веќе е во Милано каде што треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на шестмесечен договор.

Манџукиќ се очекува денеска да биде промовиран како нов играч на Милан а според договореното ќе потпише договор до крајот на оваа сезона со можност за продолување на уште една година.