Ливерпул во суперинтересен меч го победи Манчестер Јунајтед, со новите три бода Клоп ги зголеми шансите за место во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Јирген Клоп како и обично тргна да се поздрави со своите играчи, но Садио Мане се реши на потег кој предизвика многу коментари, не се поздрави со својот тренер.

Реагираше и Клоп со објаснување откако „трчаше“ по теренот да се поздрави со Мане.

„На тренингот решив да настапам со Диого Жота, обично им објаснувам на играчите за моите решенија, но овој пат немав време. Во ред е потегот на Мане. Моите момци се научени да добијат објаснување и затоа вака реагираше“ – вели Клоп.

Мане доби минутажа против Јунајтед во победата од 4-2, влезе во игра во финишот, односно 74 минута на местото на Жота.