Садио Мане го доведе Ливерпул во водство на гостувањето кај Челси со два брзи гола во вториот дел, домашните играат со играч помалку поради црвениот картон на Кристенсен во првиот дел.

Водството на Ливерпул стигна во 50 минута кога Мане погоди за предност на шампионот на Англија. Мане зголеми четири минути подоцна на 0-2, Ливерпул пред победа во големото дерби.