Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул стигна до 25.победа во 26-тиот натпревар, по победата над фенерџијата Норвич со 0-1.

За единствениот погодок се чекаше до 81 минута кога Мане беше најснаодлив во шеснаесетникот на „канаринците“ и со одмерен удар го совлада Крул.

Со оваа победа Ливерпул има огромни 25 поени предност во однос на Манчестер Сити, кои имаат и натрпевар помалку. Од друга страна Норвич од коло во коло е се подалеку од 17.позиција која обезбедува опстанок во Премиер лигата.