Светот се простува од Диего Армандо Марадона, легендарниот Аргентинец во кариерата постигна многу голови, но еден вечно ќе се прераскажува, го доби епитетот „божја рака“.

На 22 јуни 1986 година на Мундијалот во Мексико,  Диего Марадона ја урна Англија во четвртфиналето со гол во 51 минута, сомнителен поради игра со рака, потоа овој момент беше наречен „божја рака“…

Марадона години подоцна призна дека играл со рака, беше анализа на многу емисии, предмет на многу коментари, стана „бесмртен“ како што е и самиот легендарен Дон Диего…