Најстариот фудбалски клуб во Аргентина Гимназија Ла Плата изминатиот викенд стигна до првата победа сезонава против Годој од 4-2 во Супер лигата на Аргентина. Гимназија е водена од „иконата“ на аргентинскиот фудбал Диего Марадона кој ќе се обиде да избори опстанок со оваа екипа.

Марадона знаеше како да ја прослави победата на гостувањето кај Годој, иако пред само неколку дена голем дел од првиот тим го казни поради недоволно залагање на тренинзите.