Светската фудбалска легенда, Диего Марадона беше подложен на операција на десната нога. Поранешниот играч сподели видео со кое се гледа како се движи во болница во Буенос Аирес.

Диего Марадона сè уште има потреба од помош од други луѓе за да оди, но сепак напиша дека оди „како што не го сторил тоа во последниве 15 години“.

– Благодарние на мојот хирург кој се грижи за мене во болницата и на Бога, напиша големата фудбалска легенда.

Педесет и осум годишниот Диего Марадона боледува од артроза, поради што беше неопходен хирушки зафат.