Во последниот натпревар од денешната програма на Афричкиот Куп на нации, селекцијата на Алжир со 2-0 ја совлада Кенија, со што по првото одиграно коло има ист учинок како и Сенегал.

Резултатот беше отворен во 34-тата минута, кога најстрогата казна во гол успеа да ја претвори Бунеџа. Девет минути подоцна, во 43-тата минута, капитенот на Алжир и член на Манчестер Сити, Ријад Марез, ги постави на крај и конечните 2-0.

Алжирците постојано беа во контрола на натпреварот, а Кенија не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот на својот противник.

Претходно денеска во оваа група, Сенегал со идентични 2-0 ја совлада Танзанија.