Хрватскиот интернационалец и поранешен играч на Јувенутс, Марио Манџукиќ успешно ги мина лекарските прегледи во Милано и утре ќе биде претставен како ново засилување за лидерот во Серија А.

Манџукиќ ќе потпише шестмесечен договор со Милан со можност за продолжување на уште една година. Манџукиќ одбил 4 милиони евра годишно од Бешикташ за двојјно помала плата во Милан.

Во меѓувреме има најави дека Милан и Челси се во завршни преговори за Томори кој се очекува да допатува од Лондон во Милан до крајот на оваа недела.