Фудбалската репрезентацијата на Мароко славеше минимално со 1-0 против Намибија и ја забележа првата победа во Африканскиот Куп на Нации.

Трагичар на средбата беше Итамунуа Кеимуне, кој во 89. минута од мечот стрелаше во сопствената мрежа и со тој погодок на Мароко му донесе три бода

Мароко во следното коло игра против Брегот на Слоновата Коска, додека Намибија се среќава со Јужна Африка.