Екипата на Марсеј успеа да слави на домашен терен против екипата на Лориент во рамките на 33.коло од француската Лига 1 со резултат од 3:2.

Херој на домашниот состав беше дефанзивецот Пол Лирола со погодоците во 56. и 91.минута а за домаќините успеа да се запише во листата на стрелци и Димитри Пајет во 53.минута

За Лориент на два пати стрелаше Мофи во 19. и 70.минута но недоволно да спречи пораз во Марсеј.