Унаи Емери доби ново засилување во нападот во името на Габриел Мартинели. Тој денеска ги мина лекарските прегледи и беше преставен како нов играч на „топџиите“.

Доаѓа од Сао Паоло а Арсенал за него плати 6 милиони фунти. Мартинели има 19 години а во официјалната изјава потврди дека еден ден посакува да биде како Кристијано Роналдо.

Во меѓувреме Арсенал продолжува со битката за ангажман на ВИлфред Заха од Кристал Палас иако во моментов двата клуба се далеку од договор, пренесуваат медиумите од Англија.