Аргентина со головите на Лаутаро Мартинез и Серхио Агуеро за првпат се радуваше на овогодинешното издание на Копа Америка, славејќи со 2-0 против селекцијата на Катар, со што „гаучосите“ си обезбедија пласман во нокаут фазата.

Поведоа уште во 4-тата минута, откако Мартинез ја искористи аматерската грешка на одбраната на Катар. Победата и пласманот во четвртфиналето ги потврди Кун Агуеро со погодокот во 82-та минута, по асистенција на Дибала.

Аргентина оди во понатамошната фаза како второпласирана во својата група, откако Колумбија ја совлада селекцијата на Парагвај со 1-0. Колумбија е прва со максимални три победи, Аргентина е на второто место со четири бода, додека Парагвај остана на третата позиција со два освоени бодови и без шанси за пласман како една од најдобро третопласираните селекции.