Доаѓањето на Ернест Ѓока на клупата на Шкендија не донесе промена барем не по резултатите на актуелниот шампион на Македонија.

Академија Пандев победи на гостувањето во Тетово сo 1:0 во дербито на рудната со голот на Марио Маслаќ постигнат во последната минута од првото полувреме.

Со ова Академија Пандев се искачи на врвот на табелата во ПМФЛ со натпревар повеќе во однос на Вардар кој утре ќе гостува во Ѓорче Петров.

Во следното коло Академија Пандев е домаќин на Македонија ЃП, додека Шкендија ќе го пречека Силекс.