Конечно завршува една од најдолгите трансфер саги ова лето на фудбалскиот пазар. Матијас Де Лихт вечерва пристигна на аеродромот во Торино, а Јувентус на својот Твитер профил само што објави видео од неговото пристигнување.

Претходно Јувентус и Ајакс постигнаа договор за трансфер вреден 75 милиони евра. Договорот ќе биде потпишан на пет години за годишна плата од 8 милиони евра.