Англиски Челси славеше на воведниот натпревар против Порто во четвртфиналето од Лигата на шампионите со 2:0 и со ова си обезбеди мирен реванш во битката за пласман во полуфиналето.

Мејсон Маунт го постигна воведниот гол на натпреварот откако Жоржињо успешно го проигра во 32 минута.

Конечните 2:0 беа дело на Чилвел кој покажа фудбалска луцидност во 85 минута .

Реваншот кој исто како и денешниот натпревар ќе се игра во Севиља е закажан за 13 април.