Фудбалерите на Челси ја прекинаа низата без победа во Премиер лигата откако славеа на „Кревен Котиџ“ со 1:0 во дуелот со Фулам во 19 коло.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Мејсон Маунт во 78 минута.

Ова беше само втора победа на Челси на последните пет натпревари во Премиер лигата каде во следното коло ќе му гостува на Лестер.