ПСЖ ја прекина низата без пораз на Баерн Минхен откако победи на „Алијанц Арената“ со 3:2 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Килијан Мбапе и Маркињос по 28 минути му донесоа предност на ПСЖ од 2:0. На ова следуваше одговор преку Чупо Мотинг во 37 минута за 1:2 по првото полувреме.

Во вториот дел, Милер израмни на 2:2 по додавањето на Кимих, но кога се чинише дека домаќинот ќе успее да направи и пресврт следуваше уште една мини мајсторија на Мбапе во 68 минута.

 

Реваншот на „Паркот на принцовите“ е закажан за 13 април.