Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Анже по пресвртот од 2:1, во првиот натпревар од 10-то коло во Лига 1.

На Маурисио Покетино му недостасуваа Меси и Нејмар, што веројатно влијаеше да стигнат до победата порано а не како на овој натпревар во самиот финиш.

Гостите имаа предност од 36. минута, кога погоди Фулџини, а во 69. Данило го израмни резултатот.

Решавачкиот момент се случи во 87. минута, кога Килијан Мбапе беше сигурен од пенал.

Судијата, по консултација со ВАР, одлучи да досуди најстрога казна за играње со раката на дефанзивецот Анжер.

ПСЖ има девет победи по 10 натпревари, а единствен пораз,  забележа во предходното коло против Рен.

Анже игра изненадувачки добро оваа сезона и во моментов е четврти со 16 поени.