Фудбалерите на ПСЖ одиграа повеќе од коректно против Дижон и го совладаа со 4:0 во натпревар од 27 коло од Лига 1. Со ова актуелниот првак направи уште еден чекор кон одбрана на титулата во Франција.

Сараби го отвори резултатот во 3 минута а за следниот гол чекавме 71 минута. На сцена стапи неверојатниот Килијан Мбапе, во 74 зголеми на 2:0, во 76 минута му асистираше на Икарди за 3:0 а во 91 минута ги постави конечните 4:0.

 

Еве само еден од неверојатните потези на Мбапе на овој натпревар.