Клилијан Мбапе успешно се рехабилитирал од повредата на ногата и е во конкуренција за настап за ПСЖ во четвртфиналето утре против Аталанта.

Французинот пристигна во Лисабон, првакот на Франција ја издвои првата прошетка на Мбапе во градот каде што се игра завршницата од ЛШ оваа сезона.

Вниманието го привлече тренерот на ПСЖ, Томас Тухел кој со штаки пристигна во Лисабон по вредата на тетивата.

Аталанта и ПСЖ ќе се борат за пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите утревечер од 21 часот во Лисабон.