ПСЖ брзо дојде до предност на гостувањето кај Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Нејмар успеа да украде една топка по што со двојно проигрување следуваше полуконтра и асистенција за Мбапе кој го совлада Ноер иако овој гол повеќе оди на „душата“ на капитенот на „Баварците“.