ПСЖ за пресметката со Аталанта во четвртфиналето од ЛШ можно е да може да смета и на Килијан Мбапе.

Младиот напаѓач се повреди во финалето од Купот на Франција и беше неизвесен за настап за натпреварот со екипата до Серија А.

Според последните информации, Мбапе не само што тренирал денеска одвоено туку не чуствува болка и во најмала рака ќе биде на клупата за резерви за пресметката со Аталанта закажана за во среда од 21 часот.