Македоснкиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата откако постигна четири гола за АЕК Ларнака на гостувањето против Левски.

Македонецот го демолира домашниот состав и со четири гола трасирајќи го патот на АЕК кон следната квалификациска рунда од Лигата на Европа.

Тричковски серијата голови ја почна со прецизен пенал во осмата минута, потоа зголеми на 0-2 со силен волеј-удар, за во второто полувреме уште два пати да се запише меѓу стрелците.

Тричковски и соиграчите во следното коло од квалификациите за ЛЕ ќе се сретнат со белгискиот претставник Гент.