Одличен старт на Мемфис Депај во дресот на Барселона. Холандскиот репрезентативец дебитираше со гол во дресот на Каталонците, кои успеаја да ја победат Џенова 3:1.

Тимот на Роналд Куман одлично го почна мечот и дојде во водство преку Жерард Пике, кој беше прецизен од 11 метри. Во 24-тата минута за удвојување на водството стрелаше младиот албански напаѓач Реј Менај.

Токму Менај беше играчот кој поради повреда мораше да ја напушти играта, а место него влезе Мемфис. А Холанѓанецот уште веднаш покажа дека ќе биде големо засилување на Барса, воодушевувајќи ги навивачите со своите потези.

Покрај одличните потези во 86-тата минута беше прецизен од пенал.