Реал Мадрид со помош на судиите и со малку среќа славеше на гостувањето кај Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампионите со 1:0.

Фројлер доби директен црвен картон во 17 минута, откако главниот судија Штилер реши да го казни за прекршок за кој можеби немаше основа ни за жолт картон.

Менди, го постигна единствениот гол на натпреварот во 86 минута по додавањето од Модриќ.

Аталната спортска правда против Реал Мадрид ќе бара на реваншот закажан за 16 март.