Борусија Менхенгладбах го совлада Шахтјор со 4-0, триумф со кој тимот од Германија е се поблуску до пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

„Покерот“ на Менхенгладбах е дело на Штиндл, Елведи, Емболо и  Вендт. Атрактивен гол постигна Емболо кога зголеми на 3-0.

Манчестер Сити со голот на Фоден го совлада Олимпјакос на гости. Сега Сити има 12 бода е веќе е во нокаут рундата на елитното натпреварување на УЕФА, голот вреден три бода е дело на Фоден.