Соиграчот на Елиф Елмас во Наполи, Дрис Мертенс постигна гол за водство на неговиот тим на гостувањето кај Салцбург во третото коло од Лигата на шампионите.

Со овој гол, Мертенс се израмни со бројот на постигнати голови со легендарниот Диего Армандо Марадона во дресот на Наполи.

Мертенс сега има 115 голови за екипата од Неапол а лидер на вечната листа е Марек Хамшик со 121 гол.