Барселона ја совлада Борусија Дортмунд со 3:1 на „Камп Ноу“ и со ова го завери пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите на едно коло од крајот на групната фаза.

Лионел Меси беше ѕвездата на вечерта со еден гол, рекорд и две асистенции. За домаќините прецизни беа уште и Суарез и Гризман. Единствениот гол за Борусија Дортмунд го постигна Санчо во 77 минута.

 

На вториот натпревар од групата Ф, Интер славеше на гостувањето кај Славија Прага со 3:1 со головите на Лаутаро Мартинез и на Ромелу Лукаку и со ова се искачи на второто место на табелата со седум бода колку што имаат и „Милионерите“.

 

Во последното шесто коло, Интер е домаќин на Барселона а Борусија Дортмунд ќе ја пречека Славија Прага.