Барселона под водство на Куман игра добро, го прегази Вилјареал со 4-0, Миралем Пјаниќ доби 15 минути на средбата.

Интересен беше моментот кога Меси му дозволи на Пјаниќ да шутира слободен удар, тоа во Јувентус ретко се случуваше, Роналдо е главен за слободни удари кај „старата дама“, медиумите во Шпанија коментираат дека Аргентинецот му укажал голема чест на Босанецот.