Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси нема по добро да го памети одморот на Ибица. Аргентинецот бил вербално нападнат во еден ноќен клуб а за малку бил избегнат и физички напад.

Брзата реакција на обезбедувањето е главната причина поради која Меси успеал да го напушти клубот без физички повреди.

Меси има уште два дена од летниот одмор пред да и се приклучи на Барселона пред почетокот на новата сезона.