Барселона во финишот на натпреварот го скрши отпорот на Реал Сосиедад, запиша победа со 1-0 со гол од пенал на Лионел Меси.

Каталонците доминираа, ја контролираа играта и стигнаа до победа од пенал, Меси беше прецизен во 81 минута.

За Барселона ова е 18 победа во Ла Лига , на домашен терен вкупно 12, нема пораз на „Камп Ноу“ сезонава.

Со новите три бода, Барселона барем до утре ќе биде лидер во Шпанија, Реал Мадрид е втор со 2 бода помалку но и средба помалку, утре „кралевите“ играат со Бетис на гости.