Лионел Меси одби да го земе медалот за освоеното трето место на Копа Америка, образложи дека ова првенство е корумпирано и наместено.

„Не го земав медалот бидејќи не сакам да бидам дел од ова корумпирано првенство“ – изјави Меси.

Тој посочи дека натпреварување било наместено за Бразил да го освои истото.

„За време на овој турнир ни покажаа непочитување. За жал, корупцијата, судиите не ни дозволија да играме фудбал, малку го расипаа.“ – додаде фудбалерот на Барселона.

На церемонијата на свеченото доделување на медалите Меси не се појави, тој заработи црвен картон во 37 минута по инцидентот со Медел кој исто така беше исклучен.