Барселона ја совлада Валенсија во клучниот натпревар во завршницата од сезоната во Ла Лига и со ова остана во игра за титулата.

На големото дерби на 1 мај претходела голема забава во домот на Меси каде биле сите фудбалери од првиот тим заедно со своите девојки, сопруги. Поради ова отворена е истрага со која треба да се докаже дали и како биле прекршени протоколите за заштита од Ковид-19 во Шпанија.

Медиумите од „Пиринеите“ повикуваат на казни, од фудбалската федерација на Шпанија се затекнати од оваа ситуација, но извесно е дека Меси ќе мора да плати парична казна а можно е фактура да прими и Барселона.