Церемонијата за доделување на наградата на ФИФА за најдобар фудаблер во светот,  ја одбележа Лионел Меси кој во конкуренција на Кристијано Роналдо и Вирџил ван Дајк ја понесе награда за најдобар фудбалер за минатата година.

Ова е еден вид изненадување, откако се претпоставуваше дека за најдобар ќе биде избран холанѓанецот од редовите на Ливерпул со кој стигна до Еврпскиот врв.

Меси  ја предводеше Барселона до трофејот во шпанскиот шампионат и за него ова е 6 трофеј за најдобар фудбалер во светот.