Капитенот на Барселона, Лионел Меси во јубилејниот 700 натпревар во дресот на „каталонците“ постави уште еден рекорд во елитниот фудбал.

Меси реализираше за 2:0 за Барселона во првото полувреме против Борусија Дортмунд и со ова стана единствениот кој има постигнаот гол против 34 различни тимови во Лигата на шампионите на УЕФА.