Лионел Меси запиша  два гола против Хетафе, Барселона победи со  5-2, со овие два погодоци, Аргентинецот постави нов рекорд во Ла Лига.

Меси стигна до  25 голови во Ла Лига сезонава, тој единствениот фудбалер во најсилните фудбалски првенства што запишал   минимум 25  погодоци во последните 12 сезони.

Инаку покрај головите на Меси, за Барса погодија и Арујо,  Ленглет кој запиша епски автогол и Гризман, за Хетафе головите се дело на Чакла(автогол)  и Унал.

Барселона со 68 бода е третото место, останува во игра за титулата, иако Атлетико Мадрид има пет бода предност.