Лионел Меси имаше проблеми со повреда на листот, но сега е подготвен повторно биде дел од првиот тим на Барселона и најверојатно ќе биде во составот за пресметката со Бетис.

Аргентинецот се врати на тренингот на Барса и веднаш тргна во акција во голем стил. Медиумите од Шпанија јавуваат дека во секој негов потег се гледала неговата голема желба да биде на теренот.