Лионел Меси го одигра најдобриот меч сезонава, откако во победата на Барселона против Еибар од 5-0, Аргентинецот беше автор на четири погодоци.

Меси и Барслона работата ја завршија уште по првото полувреме во кое Лео постигна хет-трик. Барселона до уште поубедлива предност дојде во финишот на мечот кога Меси и Артур ги поставија конечните 5-0. За Барселона дебитираше најновото засилување Брајтвајт кој запиша асистенција за голот на Артур.

Со оваа победа „каталонците“ избија на првата позиција пред Реал Мадрид кој вечерва против Леванте треба да го одигра својот натрпевар.