Фудбалерите на Барселона без поголеми проблеми дојдоа до трите бода на гостувањето кај Мајорка во 28 коло од Ла лига, прво по паузата поради Ковид-19.

Резултатот го отвори Видал во 2 минута, асисстираше Алба, на 2:0 зголими Брајтвејт во 37 минута по одличното додавање на Меси.

Третиот гол за каталонците беше дело на Жорди Албиа во 80 минута, Меси повторно беше асистент. Аргентинецот ги постави конечните 4:0 во 93 минута.

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски не доби шанса во составот на Мајорка на овој натпревар, остана на клупата за резерви.