Синиша Михајловиќ вечерва на изненадување на многумина, допатува во Верона и седна на клупата на Болоња во првото коло во калчо лигата.

Србинот 40 дена е на терапија во борбата со опасната болест, леукемијата, никој не го очекуваше на клупата на својата Болоња но тој едноставно не издржа, желбата да  го води својот тим е поголема од се.

Многу  емоции во Верона, Михајловиќ е голем борец, беше поздравен со аплаузи пред почетокот на мечот.