Синиша Михајловиќ денес се појави пред навивачите на домашен терен за време на натпреварот кој Болоња го играше против Спал.

Србинот го предводеше тимот кој во драматична атмосфера во судиското продолжение победи со 1:0.

Михајловиќ, кој го помина првиот циклус на хемотерапија во борбата против леукемијата, беше пречекан со овации и аплаузи од навивачите. Медиумите пренесуваат дека Болоња му се поклонила на храбриот и одлучен Миха.

Навивачите на Болоња за време на целиот натпревар го скандирале неговото име, а навивачките песни ги модифицирале така што текстовите се однесувале директно за Синиша.

 

View this post on Instagram

 

Forza Bologna Immenso Sinisa ❤️💙#carpediem #sinisamihajlovic #thebestisyettocome #forzabologna

A post shared by GBV (@giovanni_vacchi) on

Претходно Михајловиќ се појави и на тренингот на Болоња за да ја провери формата на своите играчи. Повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.