Фудбалерите на Болоња го шокираа „Олимпико“ и навивачите на Рома по триумфот од 2-3 во првиот меч од 23.коло на Серија А.

Победата за гостите ја навести Орсолини, но Рома брзо се врати во игра со автоголот на Денсвил. Сепак, Болоња веднаш ја врати предноста со најубавиот погодок на мечот, а автор беше Муса Баро.

Во вториот дел Баро со уште еден прекрасен погодок доведе огромна предност за тимот на Синиша Михајловиќ, но „Римската волчица“ преку Михтаријан во 72 минута ја врати вербата кај навивачите на Рома. За Ерменецот ова беше прв настап по пауза по пауза од скоро два месеци кои ги пропушти поради повреда.

Болоња на крајот го издржа притисокот и успеа да го сочува голот, а притоа во финишот на мечот Рома остана без Кришанте кој заработи директен црвен картон.

Со оваа победа Болоња изби на 6-та позиција на табелата со 6.бода негатива во однос на денешниот ривал Рома која е на 5-то место.