Милан не успеа да ја искористи во целост бројчаната надмоќност против Црвена Звезда, откако одигра само 1:1 во Милано и благодарение на оние 2:2 во Белград, се најде меѓу осминафиналистите во Лига Европа.

Кеси од пенал го отвори резултатот на „Сан Сиро“ во 9 минута.

На ова следуваше одговор од гостинот со голот на Ел Фардоу во 24 минута. Во 70 минута Гобелиќ заработи црвен картон, но и тоа не беше доволно за Милан да постигне втор гол.

Рома со 3:1 ја совлада Брага и со вкупни 5:1 избори осминафинале, Џеко, Перез и Мајорал ги постигнаа головите за „Волчицата“.