Фудбалерите на Милан ремизираа против Лил на гостински терен со 1:1 во натпревар од 4 коло во Лига Европа.

Без Златан Ибрахимовиќ во своите редови, екипата од Италија изгледаше многу поразлично и понемоќно.

Французите доминираа креираа повеќе шанси, гостинот поведе преку Кастиљехо во 46 минута а  Бамба во 65 минута се погрижи за конечните 1:1.