Според информациите на италијанските медиуми во Милан на „Сан Сиро“ ќе пристигне германскиот фудбалер Флоријан Неухаус.

Неухаус е 22 годишен играч за врска кој настапува за германскиот фудбалски тим Борусија Менхенгладбах, а со добрите настапи во Бундес лигата  го привлече вниманието на големите европски клубови. Единствено само не е познато дали играчот ќе дојде оваа или наредното лето.

Минатата година Неухаус во Бундес лигата за Менхенгладбах запиша 32 настапи, постигна три гола и запиша девет асистенции.