Милан продожи со победничката серија во калчо лигата, откако вечерва со два гола на Златан Ибрахимовиќ славеше над вечниот ривал Интер со 2-1 .

Швеѓанецот покажа дека паузата поради прележаниот коронавирус не оставила трага на неговата голгетерска форма и со два погодоци во три минути му донесе триумф на лидерот во Серија А.

„Црвено  црните“ дојдоа во водство во 13 минута, откако Хандановиќ најпрво го одбрани пеналот на Ибрахимовиќ, но беше немоќен да спречи водство по одбиената топка, која Швеѓанецот од втор обид ја смести во голот.

Само три минути подоцна, Ибрахимовиќ му донесе водство на Милан од 2-0.

Ромале Лукаку намали на 2-1 во 38 минута, но Интер до крајот не успеа да се спаси од пораз.Најголемата шанса за израмнување ја имаше токму Лукаку, но неговиот обид слабоко во судиското продолжение заврши покрај голот на Донарума.