Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Раде Круниќ и официјално е второ летно засилување на Милан.

Тој доаѓа од екипата на Емполи, со Милан потпиша петгодишен договор а за неговиот транфер „росенерите“ на екипата од Тоскана им платија осум милиони евра.

Предходно за Милан потпиша и Тео Хернандез од Реал Мадрид а во следните неколку дена се очекува да биде реализиран и трансферот на Исмаел Бенасер.