По трите порази во континуитет, Милан успеа да слави во Серија А совладувајќи ја Џенова со 2:1 со пресврт.

Домаќинот добро го започна мечот, Шоне постигна гол за 1:0 за а пред на крајот од првиот дел надвор од теренот црвен картон заработи Сапонара.

Во второто полувреме, во игра влегоа Пакета и Леао на местото на Чалханоглу и на Пјонтек. По ова Милан преку Хернандез израмни на 1:1 во 52 минута.

Следуваше црвениот картон на Бираши поради намерно играње со рака а Кеси го искористи пеналот и му донесе водство на Милан од 2:1.

До крајот на натпреварот имаше уште три шолти картони за домаќините, два за гостите ид црвен картон за Калабриа.

Горан Пандев влезе во игра за Џенова во 88 минута а во 93 минута Шоне не реализираше од белата точка за реми против фаворитот. Надвор од теренот црвен картон доби и резервистот на Милан, Кастиљехо во 94 минута.