Фиорентина и Милан одиграа нерешено 1-1 во Фиренца, екипата од Милано водеше со 1-0, имаше  и играч повеќе но не успеа да победи.

Милан поведе со голот на Анте Ребиќ во  56 минута, за Хрватот ова беше трет гол во низа, вкупно седми за Милан сезонава.

Фиорентина во 62 минута остана со играч помалку, Далберт доби црвен картон по стартот врз Ибрахимовиќ, И покрај тоа што Фиорентина имаше играч помалку, успеа да израмни преку пенал, реализираше Пулгар во 85 минута.

Фиорентина има 29 бода на 13 позиција, Милан со бодот од Фиренца има 36 и се наоѓа на 7. место.